X
 17.09.2015 Култура

Фото: Како ќе изгледа скопскиот луна парк?

„Лунар“ е името на тимот кој ќе го изработува проектот за новиот луна парк во Скопје. Во проектот кој победил на тендерот за идејно решение главен симбол е месечината, која претставува наративно средство.


Како што пишуваат од „Лунар“, месечината овозможува „брендирање на забавниот парк, правејќи го комерцијално интересен“. Меѓу новите реквизити се вбројуваат кино, педалинки и кајчиња, воз, транболина, флиперница, ресторан видиковец, едукативен центар и дел за храна.





Тимот открива дека инспирација за дизајнирање на паркот биле анимираните филмови поврзани со футуристичкото гледање кон иднината.

Автори на победничкото решение за луна паркот се Климент Патчев, Филип Конески, Марјан Димиќ, Борис Јурмовски и Борко Георгиев. 





Повеќе информации на следниов линк


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура