Студентите Иман Топчи и Ана Балеска од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство го реализираа проектот „Дигитален отпечаток“ по предметот Медиуми и комуникации.
-Проектот се заснова на нашето учество на интернетот, односно нашиот „Дигитален отпечаток“ и за тоа какви сè последици може да сносиме со прекумерно користење. За таа цел, сакаме да ја подигнеме свеста за поразумно користење на интернетот и несакани ситуации како што се крадење идентитет, злоупотреба на податоци или слично - истакнуваат студентите.
Тие заклучуваат дека со зголемената употреба на дигиталните медиуми, се зголемуваат и несаканите последици поради дигиталниот отпечаток што го оставаме зад себе. Овој проект ја потврди потребата за поголема свест и едукација на заедницата за тоа како дигиталниот отпечаток може да влијае врз нашата приватност и безбедност. Многу луѓе не се свесни за трајните последици од нивната онлајн активност и како тоа може да влијае врз нивната иднина.
Во продолжение може да го видите целото истражување:
„Дигитален отпечаток“