X
 11.11.2017 Технологија

„Фејсбук“ и голите фотографии на корисниците...


Фејсбук апликација, иконче
(Фото: Profimedia)


Во борбата против објавување на пронографски содржини, „Фејсбук“ тргна со невообичаено барање – од своите корисници бара да им ги испратат фотографиите кои не сакаат да им бидат објавени.

Се дигна голема прашина откако „Фејсбук“ го објави планот за борба против објавување на порнографски содржини. Накратко, за да спречите појавување на вашите „инкриминирачки“ фотографии да се појават на оваа социјална мрежа, морате токму ним да им ги испратите истите. Зошто?! За да ги означат, да им дадат дигитален отпечаток, со чија помош ќе бидат индентификувани и ќе се спречи нивното итно објавување на платформата.

Антигон Дејвис, шефицата на „Фејсбук“ за глобална безбедност, дополнително даде објаснување за овој експеримент, нарекувајќи го „мерка за итни ситуации“, пренесува „Engadget“.

„Сè е потполно доброволно, и 'Фејсбук' и натаму ќе ги отстранува содржините кои ќе ги означите како непожелни. Тука се работи за превентивна мерка за оние што ќе сакаат да го спречат споделувањето на нивните фотографии“, истакна Дејвис.

За учество во експериментот што почна во Австралија, најпрво треба да се пополни образец во нивната агенција за интернетска безбедност. Потоа фотографиите се прикачуваат во образецот, а агенцијата ги праќа во „Фејсбук“ каде „овластениот експерт“ им става потребни дигитални отпечатоци.

Ако некој се обиде да ја постави таа фотографија на „Фејсбук“, таа се споредува со веќе означените отпечатоци и на тој начин се спречува нејзиното објавување пре јавноста.

Од „Фејсбук“ гарантираат дека ги задржуваат само отпечатоците, а не и самите фотографии. Наводно, сите кои ќе се одлучат на ваков храбар потег ќе добијат известување кога нивните фотографии ќе бидат означени, како и начин на кој би можеле да ги избришат.

По Австралија, експериментот ќе продолжи во Велика Британија и Канада.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија