X
 28.07.2020 Образование

Пријавете се за онлајн-семинарот „Вовед во CNC-програмирање – основи на програмскиот јазик G-CODE“

Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер – Скопје од 17 до 21 август организира семинар „Вовед во CNC-програмирање – основи на програмскиот јазик G-CODE“. Семинарот што го организира Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер ќе се реализира онлајн преку електронската платформа „Зум“. Предавачи ќе бидат проф.д-р Владимир Кољозов и проф.д-р Зоран Трпоски

Заинтересираните можат да се пријават најдоцна до 1 август преку порталот uslugi.gov.mk на следниот линк

За следење на семинарот неопходно е секој учесник да поседува компјутер со вградена веб-камера и микрофон, инсталирана платформа „Зум“ и стабилна интернет-конекција.

Секој учесник на семинарот ќе добие:

• материјал за следење на семинарот во електронска форма,
• сертификат за посетување на семинарот.


Семинарот е во рамките на можноста за издавање ваучери за млади лица за обуки за дигитални вештини, заради подобрување на нивната конкурентност на пазарот на трудот за време на вонредна состојба започна со ангажирање на своите наставни и професионални активности и капацитети, за да им овозможи на заинтересираните млади лица професионално и стручно надградување на своите знаења.



Цената за посетување на семинарот изнесува 7.500 денари со вклучен ДДВ. Кандидатите што ќе аплицираат преку порталот uslugi.gov.mk ќе добијат ваучер во вредност од 50% на цената за посетување на обуката (3.750 ден.) и треба да го платат остатокот од 50% (3.750 ден.).



-Степенот на развој на современата технологија на обработка на материјалите ја наметнува потребата од квалификувана и стручна работна сила. Компјутерското нумеричко управување на машините е претставува технологија којашто е широко применета во индустријата и сè почесто се применува и во нашата земја. Со цел да се задоволи оваа потреба, Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер организира семинар за изучување на основните принципи на програмирањето на машините со нумеричко управување – вели проф.д-р Кољозов. 


За сите информации можете да контактирате со проф. д-р Владимир Кољозов (vladimir.koljozov@fdtme.ukim.mk) или да се обратите преку: seminar.cnc@fdtme.ukim.mk.

Подготвил: С.Ѓ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование