X
 28.07.2021 Живот

Петте „најдосадни“ преноси во живо на „Јутјуб“

Дали се чувствувате како да имате изгледано сè? Нема ништо добро на „Нетфликс“? Дали сакате само да се исклучите и да гледате што се случува некаде далеку во светот? Составивме листа со „досадни“ преноси на „Јутјуб“. Можеби се досадни, но ако ги гледате доволно долго, ќе се изненадите од тоа што ќе го пронајдете.

Планината Фиџи

Можеби е досадно да гледате во планина цел ден, но некогаш токму тоа ви е потребно.



Светилникот на езерото Мичиген

Можеби е на листата со „досадни“ преноси, но на видеото имате можност да ја поместувате камерата. Само кликнете во горниот лев агол и ќе можете да ја видите опцијата за вртење 360 степени.



Мостот на мирот

Границата меѓу САД и Канада моментално е затворена за редовни патувања поради пандемијата, но стоките сè уште се пренесуваат преку неа. Дали некогаш сте посакале да ги гледате камионите кои поминуваат меѓу двете земји? Сега имате шанса.



Медузите во аквариумот во Заливот Монтереј

Во овој аквариум има многу морски суштества, меѓу кои се и медузите. Иако ова може да биде „досадно“, сепак е и убаво. Треба да се напомене дека во глетката можете да уживате само преку ден.



Матната сообраќајна камера во Норвешка

Не нагодувајте го екранот, така треба да изгледа.

Камерите во сообраќајот не се нешто ново, но Норвежаните очигледно ја ценат приватноста кога ги поставуваат. На овој пренос во живо можете да го видите сообраќајот на пат во Норвешка и сè што ќе гледате се заматени автомобили.



Извор: Gizmodo
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот