X
 05.12.2016 Живот

Петте незаборавни директни телевизиски преноси

Можеби телевизијата како медиум полека ја губи битката со интернетот и друштвените мрежи, но некои моменти кои се забележани на директните преноси ќе останат во сеќавањата на гледачите кои биле живи сведоци на создавањето на историјата.

1. Цунами во Јапонија

По големиот земјотрес со јачина од 9 степени според Рихтеровата скала, следуваше цунами на крајбрежјето на Јапонија, а снимките од 11-ти март 2011 година се вбројуваат меѓу најшокантните прикази на природни катастрофи во историјата на телевизијата.



2. Слетување на авионот од компанијата ЏетБлу

Пилотот на компанијата ЏетБлу на летот 292 од Калифорнија бил приморан на 21 септември 2005 година заради блокирање на предното тркало, морал принудно да слета на аеродромот „Џон Ф. Кенеди“ во Њу Јорк. Неколку телевизиски станици во живо ја пренесувале драмата, но одличното пилотирање на капетанот Скот Бурк било најзаслужно што оваа приказна имала „happy end“.



3. Лансирање на спејс шатлот Челинџер


Едно од најгледаните лансирања во историјата на Америка завршило со катастрофа, кога на 28 јануари 1986 година спејсшатлот Челинџер експлодирал набрзо по полетувањето од космодромот Кејп Канаверал во Флорида. Погинале сите седум членови на посадата, а меѓу нив и првата учителка космонаут Криста Меколиф, што предизвикало огромна гледаност на ова лансирање. Според медиумските податоци, за само еден час, 85 проценти од Американците дознале за катастрофата Челинџер.



4. Уривање на споменикот на Садам Хусеин

Во 2003 година Америка изврши инвазија на Ирак, а многу брзо и маринците се доближија до периферијата на престолнината. Режимот на Садам Хусеин се распаѓаше, па илјадници луѓе излегоа на улиците и го окупираа централниот плоштад во Багдад, каде што се наоѓаше и огромнио0т споменик на диктаторот. Масата безуспешно се обидувала да го урне споменикот, но набрзо потоа дошле и американските трупи. Телевизиските екипи во живо го пренеле моментот на уривање на споменикот.



5. Слетување на Месечината

Најзначајниот директен пренос во историјата на телевизијата секако е првото слетување на Месечината. Тој 20-ти јули во 1969 цела планета со гордост го пратела моментот кога за прв пат човечка нога стапна на Земјин сателит. Американската станица CBS ја имала честа да врши директен пренос на излегувањето на Нил Армстронг од вселенскиот модул и да ги пренесе неговите историски зборови : „Ова е мал чекор за човекот, но голем за човештвото“.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот