Со голема роденденска забава, каква што му прилега на најпознатото светско пиво, Heineken ќе го прослави својот 150. роденден во Градски парк во Скопје, со 150 диџеи на неколку сцени и со многу други активности и содржини, во организација на „Пивара Скопје“.
Со овој настан Heineken ја крунисува својата глобална кампања, која го слави неговото богато наследство, но и неговата моќ да ги собере и обедини луѓето и да ги инспирира заедно да создадат радосни и незаборавни моменти... на еден или на друг начин.
Токму ова ќе биде и наша мисија на големата забава во Градски парк – да го споиме најдоброто од нашата клупска сцена и заеднички да ја пренесеме таа енергија до сите гости што се во потрага по незаборавни искуства.
Во духот на својата роденденска кампања, преку која истакнува дека не постои такво нешто како правилен изговор на неговото име, ниту, пак, правилен начин да се ужива во него сѐ додека го прави тоа за што е создаден, да ги собере на едно место луѓето што ти значат и со кои создаваш незаборавни искуства, Heineken ги спои најдобрите локални диџеи, почнувајќи од пионери и основоположници на електронската музика и клупската сцена, па сѐ до нови и млади имиња од новиот бран изведувачи.
- Heineken низ годините е неизоставен дел од музичката и клупска сцена во светот. Секогаш бил дел од хип-хоп културата, артисти како Nas, A Tribe Called Quest, Notorious BIG и многу други го имаат споменувано во своите текстови на нивните легендарни албуми. Heineken во Македонија влегува во ново поглавје каде што фокусот е на локалната музичка и клупска сцена и сите сме среќни поради тоа, имаме поддршка од сериозен светски бренд за нашата работа! На 30 септември прославуваме 150 години Heineken со најголемиот DJ line-up досега! Се гледаме на Destination Good Times!“ – рече DJ Гоце.
На 30 септември сите патишта водат до Heineken Destination Good Times. Повеќе информации за сите активности можете да прочитате на официјалниот профил на „Инстаграм“ на овој
линк. И не заборавајте – консумирајте одговорно!
(Комерцијална објава)