X
 27.01.2023 Живот

„Рош Македонија“ засади девет јапонски цреши во Градскиот парк за лицата со ретката болест невромиелитис оптика

Денес, во Градскиот парк во Скопје, на зелената површина зад „Фонтана“, здравствената компанија „Рош Македонија“, во соработка со Универзитетската клинка за неврологија во Скопје, Македонското невролошко здружение, Секторот за комунални работи при Град Скопје - ЈП Паркови и зеленило, спроведе акција на садење редок вид декоративни дрвја, јапонска цреша (Sakura) во чест на лицата со ретката болест од спектарот на невромиелитис оптика (анг. NMOSD, Neuromyelitis optica spectrum of disorders).

Активноста има цел да ја подигне свесноста на населението и сите општествени чинители во државата за оваа ретка болест. Во Македонија живеат девет лица со оваа ретка болест и затоа, во чест на секој пациент, а за доброто на сите граѓани, денес се засадени девет дрвја од редок вид за нашите простори, декоративни јапонски цреши. Воедно го одбележуваме и денот на NMOSD како ретка болест.

Болести од спектарот на невромиелитис оптика, или скратено NMOSD, се ретки, прогресивни, воспалителни заболувања на централниот нервен систем кои се карактеризираат со тешка демиелинизација, односно губење на обвивката на нервите, која особено ги напаѓа очниот нерв и ‘рбетниот мозок. Поради комплексноста на заболувањето, болеста кај овие лица најчесто се дијагностицира со тешкотии и задоцнето, кога болеста е напредната, а соодветниот третман е одложен или задоцнет, а притоа лицата завршуваат со инвалидитет, мускулна слабост, парализа и трајно слепило.



Јапонската цреша - Sakura означува обнова и оптимизам во јапонската култура. Дополнително, ретката убавина на овие цветови и краткото време на цветање симболизираат дека и животот е убав, но и краток, поради што секој треба да има можност да живее на свој начин и без лимити.

- Целта на оваа иницијатива на „Рош Македонија“, како социјално одговорна фармацевтска компанија, е подигнување на свесноста за ретката болест невромиелитис оптика со садење редок вид дрвја, односно девет јапонски цреши, во чест на деветте пациенти што боледуваат од ретката болест NMOSD. Со ова сакаме да испратиме порака дека сите граѓани на град Скопје ќе може да уживаат во нивната различна убавина, но и сите ние заедно треба да бидеме спремни да им помогнеме на оние што се соочуваат со ретки предизвици во животот и да ја подигнеме нашата колективна свест и хуманост - изјави д-р Александра Ивановска, директор на „Рош Македонија“.



(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот