Радарски систем послаб од микробранова печка направи фотографии од Месечината со највисока резолуција досега.
Неверојатните фотографии го покажуваат одблиску Тиховиот кратер на Месечината во детали со резолуција од 5 метри, а беа направени со прототип на радарски систем.
Научниците ги користеле телескопот „Грин Бенк“ за да создадат детални слики во рамките на проект кој го отвора патот за радарски систем од следната генерација за проучување на планетите, месечините и астероидите во Сончевиот Систем.
Телескопот „Грин Бенк“ има предавател помалку моќен од микробранова печка, но сепак можеше да го насочи својот радар на површината на Месечината и да сними невидени детали за Тиховиот кратер.
- Неверојатно е она што досега можевме да го снимиме користејќи помалку енергија од обичен апарат за домаќинство - вели Патрик Тејлор, раководител на радарскиот оддел во опсерваторијата „Грин Бенк“.
Прототипот е соработка помеѓу Националната радиоастрономска опсерваторија, опсерваторијата „Грин Бенк“ и „Рајтеон интелиџенс“. Систем како овој ќе служи во првата линија на планетарна одбрана, способен да детектира, следи и карактеризира потенцијално опасни објекти што може да се судрат со Земјата.
- Во нашите тестови успеавме да нулираме астероид оддалечен 2,1 милиона километри од нас, што е повеќе од петпати од растојанието на Земјата до Месечината. Астероидот е голем околу еден километар, што е доволно за да предизвика глобално уништување доколку има удар - вели Тејлор.
Астрономите ќе можат да ја користат оваа алатка за астрометрија, сликање и физичка и динамичка карактеризација на објектите на Сончевиот Систем.
Извор:
Petapixel.com
Фото: NRAO/GBO/Raytheon/NSF/AUI