X
 30.05.2024 Технологија

„Виндоус“ ќе овозможи да копирате текст од фотографиите на вашиот андроид-телефон

Претстојната верзија на „Мајкрософт фоун линк“ овозможува да изберете и да копирате текст од сликите синхронизирани од вашиот андроид-телефон. Функцијата наскоро треба да биде достапна за сите.

„Фоун линк“ овозможува да синхронизирате повици, пораки, известувања и слики - и да го „прикажете“ целиот телефон - од вашиот „Андроид“ на вашиот компјутер. Исто така, работи на поограничен начин со уредите со „иОС“, кои само ги синхронизираат известувањата, пораките и повиците преку блутут.

„Виндоус снипинг тул“ минатата година доби опција за извлекување текст во истиот период кога „Фоун линк“ ги доби известувањата за споделување слики, така што било можно малку да се извлече текст од фотографиите во телефонот со „Снипинг тул“. Ова ажурирање овозможува да ја спроведете опцијата во апликација.

При тестирање, ОЦР (OCR/конвертирање слика во текст) покажува пристојни резултати, иако прави повеќе грешки од „самсунг“, или текстуалните извлекувачи на „Епл“, со иста фотографија од страница на книгата. За подолги пасуси, веројатно е подобро да се овозможи копирање и залепување преку уреди, извлекување на текстот на вашиот телефон и испраќање на вашиот компјутер на тој начин.

Извор: theverge.com

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија