X
 29.05.2018 Технологија

ФБИ откри трик за чистење заразен рутер



За да помогнат во глобалната борба против ширењето злонамерни софтвери, компјутерските експерти од Сојузното истражно биро (ФБИ) на сите корисници на безжични мрежи им предлагаат еден едноставен трик.


Рутер
(Фото: Pixabay)


Моментално, ФБИ вложува големи средства за истражување на „VPNFilter“ – малвер кој веќе инфицирал стотици илјади компјутери низ светот, а најновата метода за борба против него за многумина ќе биде изненадувачка. Имено, ФБИ предлага сите корисници на рутери задолжително да ги ресетираат за да „исчистат“ барем дел од злонамерниот код.

ФБИ им предлага на сите сопственици на мали уреди или домашни мрежи да ги ресетираат своите уреди“, пишува во службеното соопштение. „VPNFilter“ има можност целосно да ја сопре работата на малите уреди преку прекин на интернет-врските.

„Малверот може на криминалците да им праќа информации што поминале низ вашиот уред“. Со други зборови, малверот може да ве шпионира или целосно да ви го исклучи рутерот. Но, до денес никој докрај не ја знае неговата вистинска намена, а според најновите информации, ФБИ тврди дека има напредок во неговото сузбивање.

Во овој момент сè уште малку се знае за конкретната природа на „VPNFilter“. Безбедносниот тим „Талос“ на „Циско системс“ тврди дека се загрозени над 500 илјади компјутери во 54 држави во светот – а најзагрозена е Украина.

Овие се најзагрозените уреди:

•    Linksys  E1200
•    Linksys  E2500
•    Linksys  WRVS4400N
•    Netgear DGN2200
•    Netgear  R6400
•    Netgear   R7000
•    Netgear  R8000
•    Netgear  WNR1000
•    Netgear  WNR2000
•    QNAP  TS251
•    QNAP  TS439 Pro
•    TP-Link  R600VPN

Не се знае точно колку вакви уреди се во функција во САД, Англија, ниту каде било во светот, но една работа е сигурна – ФБИ тврди дека сите што дома или во канцеларија имаат рутер во овој момент веднаш да го ресетираат. Исклучувањето и повторното вклучување на модемот е рутинска работа која секогаш придонесува за „здравјето“ на уредите.

Исто така, ФБИ предлага редовно да се надградува софтверот на модемот, а и почесто да се менуваат лозинките.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија