Фејсбук прави пари како никогаш досега: во средата вечерта, компанијата обзнани дека меѓу јули и септември оствариле приходи во висина од седум милијарди долари (5,7 милијарди фунти), односно зголемување за 59% во однос на претходната година. Ова во превод значи дека секој корисник на социјалната мрежа учествува во нејзината материјална вредност. Просечната висина на приходите по корисник во третиот квартал изнесуваа 4,01 долари. Ако сте го користеле Фејсбук во последните три години, во компанијата сте вложиле над 36 долари.
Вредносниот „влог“ на корисникот се разликува во зависност од
географската положба. Во Америка и Канада, на пример, во последниот квартал „влогот“ изнесува 15,65 долари, додека висината во другиот дел од светот, изземајќи ги Северна Америка, Европа, Азија-Пацифик, е 1,21 долар. Во Европа, просечниот корисник во последниот квартал вредел 4,72 долари.
Од Фејсбук не дадоа бројки за Велика Британија, но се чини дека се значително повисоки. eMarketer проценуваат дека приходите од рекламирањето на Фејсбук во Велика Британија, годинава ќе изнесуваат 1,189 милијарди фунти.
Проценетите околу 31,6 милиони корисници на Фејсбук во Велика Британија, го прават просечниот британски корисник вреден 37,63 фунти (46,46 долари) годишно, односно 9,41 фунти (11,62 долари) во последниот квартал. Во пресметката не се вклучени приходите од други извори, но проценката е дека учествуваат со помалку од 3% од продажбите на Фејсбук.
Растечките приходи и влијанието на Фејсбук довеле до
барања да им се плаќа на корисниците за времето поминато на социјалната мрежа, како и за информациите што ги обезбедуваат седејќи на Фејсбук, но во светски рамки ова би значело исплата на нешто помалку од пет центи дневно, што не е доволно за да предизвика какво било влијание.
Во секој случај, Фејсбук и натаму значително предничи пред Твитер, кој заработил во просек 1,94 долари по корисник во последниот квартал.