29.07.2018
Живот
Почина Оливер Драгоевиќ
Во Сплит, на 71 година од животот почина Оливер Драгојевиќ, легендата на хрватската и балканската музичка сцена.
Роден во Вела Лука на островот Корчула. Во Сплит посетуваше музичко училиште. Најпрво научил клавир, а потоа кларинет и гитара. Првата средба со музиката му била на петгодишна возраст кога од татко му Марко добил поклон усна хармоника со која ги забавувал децата од неговата улица, и патниците од бродовите во Сплит - Вела Лука.
Прв естраден настап му бил детскиот фестивал во Сплит 1961. година со популарната песничка Балони. Истовремено со братот Аљоша снимил тогаш познати светски хитови за радио-станицата Сплит. Веќе во 1963. се здобива со голем успех како пејач и клавијатурист на култниот сплитски бенд Батали.