Оливер Драгоевиќ 50 години ѝ даваше смисла на музиката. Додека неговите последни концерти секогаш беа распродадени, тоа не било секогаш така, а легендарниот музичар настапувал и пред речиси празни сали.
Важно е да се напомене дека Оливер беше ѕвезда од почетокот на својата кариера и уште пред војната полнеше сали во поранешна Југославија. Сепак, еден град е исклучок.
Сплитскиот пејач се присети на тоа пред неколку години кога на една новинарка ѝ зборуваше за својот концерт во Марибор, на кој дошле пет лица. Оливер тогаш свирел со Кемал Монтено, а двете легенди на турнејата еден месец делеле соба.
-Видов дека во публика има пет лица и му го кажав тоа на Кемал. Тој рече дека никогаш не бил во таква ситуација и дека не знае што ќе прави. Одлучив да ги земеме гитарите и да се спуштиме меѓу нив - објасни Оливер.
Така и направиле. Ги зеле гитарите, се симнале меѓу малкуте обожаватели во публиката и секого посебно го прашале што сака да чуе. Кога ги отсвиреле песните кои луѓето сакале да ги чујат, ги поздравиле и им ги вратиле
парите за влезниците.