X
 29.08.2021 Живот

Првиот во светот: Извртен облакодер во кој жителите се загреваат со сончева енергија и сопствениот отпад

Пред десет години Малме од индустриски град почна да добива контури на урбан центар. Круна на градската ренесанса во Западна Шведска беше изградбата на заоблена футуристичка зграда, првиот самоодржлив облакодер во светот од ваков вид.

Кога ги отвори вратите во 2005 година, заоблениот „Трнинг торзо“ со своите 190 метри беше највисокиот облакодер во Скандинавија, највисоката станбена зграда во ЕУ и втората највисока во Европа.

Шпанскиот архитект Сантијаго Калатрава бил инспириран од мермерна скулптура на изопачено торзо, која служела и како инспирација за името на облакодерот.

1
Фото: Instagram

2
Фото: Instagram

Зградата од 57 ката е поделена на девет дела кои ротираат во висина. Пентагоналните подови се вртат околу вертикално јадро, обликувано како бетонска цевка, поткрепено со челична рамка. 'Рбетот на облакодерот се наведнува 90 степени од приземјето до врвот. Дел од просторот се канцеларии, а остатокот се 147 луксузни апартмани - од еден до максимум пет на секој кат.

3
Фото: Instagram

„Трнинг торзо“ е еден од пионерите на самоодржливата архитектура. Енергијата што се троши во становите доаѓа од обновливи извори на сонце, вода и ветер, но и од органски отпад што станарите го фрлаат на одреденото место.

4
Фото: Instagram

Самиот облакодер се грижи за 100 отсто топлинската енергија што станарите ја користат за греење. Сите безбедносни системи имаат резервно напојување, вклучително и лифтовите и осветлувањето, а со оглед на двојниот систем за водоснабдување, мала е веројатноста некој да остане без вода.

Извор: Punkufer.dnevnik.hr
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот