X
 29.08.2022 Живот

Кои производи во домаќинството се најголеми потрошувачи на струја?

Многу електрична енергија се троши за комуникација и забава, како на телевизор, компјутер и слично. Речиси една третина од електричната енергија во домаќинствата се троши на овие уреди, пишува „Феникс магазин“.

Покрај овие уреди, следните „голтачи“ на струја во домот се големите стари уреди. Доколку дома имате стара машина за перење алишта или стар фрижидер, можеби треба да размислите за замена со понови уреди.

Доколку купувате нов уред, треба да знаете дека на налепницата може да се види колкава е неговата потрошувачка на електрична на енергија. Најдобра е категоријата А.

Освен тоа, се советува фрижидерот да не се остава до топлински уреди, а важно е и поставувањето на вистинската температура. За средниот дел од фрижидерот се препорачува температура од 8 Целзиусови степени.


Фото: Pixabay

Големи голтачи на електрична енергија се и електричните шпорети, а заблуда е и претходното загревање на рерната, кое најчесто не е потребно.

Осветлувањето во домот, исто така, може да троши многу електрична енергија, особено ако не се користат ЛЕД-светилки или штедни светилки. Подните или столните ламби со напојување трошат струја дури и кога се исклучени. Затоа се советува исклучување од штекер кога не се користат.

Конечно, голем голтач на електрична енергија е машината за сушење алишта. Затоа се советува полнење на целата машина при користење.

Извор: Fenix magazin
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот