X
 25.06.2018 Економија

До средината на векот половина свет ќе користи струја од обновливи извори на енергија

Новата годишна анализа на „Блумберг“ наречена „New Energy Outlook 2018“, врз основа на податоците од 65 енергетски експерти од 12 главни светски пазари, предвидува како ќе се развива пазарот на електрична енергија до средината на овој век.

Фокусирајќи се на трендовите што го диктираат развојот на пазарот и бизнис-моделите во овој сектор, како и зголемената побарувачка за електрична енергија од електричните автомобили, експертите изработија проекција на развој до 2050 година.

Според нивните предвидувања, дотогаш половина од светската електрична енергија ќе биде произведена од соларни и ветерни електрани, а главниот тренд кој ќе го предизвика ваквиот тек на настаните ќе биде намалување на цените на електричната енергија од овие обновливи извори и поевтините батерии за складирање на добиената енергија. Јагленот, како извор на енергија, до 2050 година ќе падне на само 11 отсто од светското производство (од сегашните 38 проценти).

Фото: Pixabay

Трошоците за изградба на фотоволтаични електрани ќе бидат 71 отсто дотогаш, според експертите на „Блумберг“, додека изградбата на ветерници ќе поевтини за 58 отсто.

Единствениот необновлив извор на енергија што ќе се зголеми по важност до 2050 година треба да биде гасот, кој ќе се користи во Кина и во Индија повеќе отколку досега.

До 2050 година електричните автомобили треба да ја зголемат побарувачката за електрична енергија и ќе сочинуваат околу 9 отсто од светското производство.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија