X
 29.09.2023 Технологија

Кои се најдобрите онлајн шопинг платформи на светот и на Балканот?

Онлајн шопингот комплетно го промени и олесни начинот на кој купуваме. Најголема улога во ова имаат онлајн шопинг платформите на кои потрошувачите можат од удобноста на својот дом да пребаруваат низ широк спектар производи и услуги.

 

Влијанието на платформите како Amazon и AliExpress е огромно на глобалните пазари, а нивната популарност продолжува да расте бидејќи нудат голем избор на поволности за купувачите и постојано инвестираат во нови услуги и напредни технологии. Кај нас, огромно е влијанието што го изврши Ananas со својата понуда од 100.000+ производи, што претставува револуција за македонската е-трговија.

 

Низ светот, а и на Балканот, и покрај тоа што постојат безброј онлајн продавници, владеат неколку клучни играчи. Некои од нив со сигурност ги знаете, но дали ги знаете сите на кои можете да купувате онлајн? Продолжете со читање и откријте.

 

 

Amazon

 

Речиси нема личност што не го знае популарниот Amazon. Оваа дигитална компанија е гигант во светот на е-трговијата. Amazon нуди неверојатно широк спектар производи – од електроника и облека, до намирници, книги, мебел и дигитални производи.

 

Тоа што го издвојува Amazon од конкуренцијата е посветеноста на оваа компанија да создаде што подобро и поквалитетно корисничко искуство. Компанијата е создадена во раните 90-ти години на минатиот век од страна на Џеф Безос, кој, иницијално, од сопствената гаража создал онлајн книжарница.

 

Имал идеја да создаде „продавница за сѐ“, а својата визија многу брзо успеал да ја преточи во реалност. Со текот на годините, Amazon еволуира преку постојано додавање нови производи и со проширување на своите услуги.

 

Еден таков тип услуга е Amazon Kindle, која им овозможува на корисниците да прелистуваат, купуваат, преземаат и читаат електрoнски книги, весници, списанија и други дигитални медиуми. Инвестицијата во нови услуги, комбинирана со огромна фокусираност да се создаде најквалитетно можно корисничко искуство, довела до брза еволуција на Amazon што резултираше со тотална доминација во светот на е-трговијата.

 

 

Etsy

 

Etsy е онлајн платформa која продава рачно изработени предмети, винтиџ и уметнички дела. Таа ги поврзува уметниците со потрошувачите што бараат единствени и уникатни производи што одговараат на нивниот вкус. Популарноста на Etsy произлегува од посветеноста на индивидуалностa, креативностa и на строгите критериуми на оваа компанија во однос на изборот на производи што може да се промовираат на платформата.

 

Оваа компанија почнува во мал стан во Бруклин, каде што група креативни умови дошле до идеја да отворат онлајн продавница за продавање рачно изработени и уникатни предмети. Целта на компанијата била да се зголеми видливоста на малите бизниси. Со поддршка на купувачи од целиот свет, Etsy прераснува во огромна платформа и светски познат центар за продавање рачно изработени предмети.

 

Купувачите ја ценат можноста да ги поддржат малите бизниси и да најдат уникатни, рачно изработени предмети што не можат да се најдат во традиционалните продавници и во трговските центри.

 

 

eBay

 

eBay е онлајн платформа која е најпозната по своите аукции и продажбата од купувачи на купувачи. Огромен број трговци од целиот свет ја користат оваа платформа како свој примарен продажен канал.

 

Една од причините за популарноста на eBay низ годините е тоа што оваа страница е вистинска ризница на колекционерски, уникатни и секакви ретки предмети. Исто така, голем дел од клиентите ја сакаат оваа платформа токму поради системот на аукција, кој внесува доза на возбуда во купувањето.

 

 

AliExpress

 

Голем дел од светски познатите и популарни платформи за е-трговија не ги доставуваат своите производи на Балканот. Причините за тоа се разновидни, но фактите се факти. Една од најголемите дигитални продавници на светот, AliExpress, го прави токму тоа и затоа е екстремно популарна и кај нас.

 

Производите од оваа платформа секојдневно пристигнуваат во депоата на Македонска пошта, од каде што ги подигнуваат нарачателите. Плаќањето, секако, е онлајн, па ништо не треба да се плати на шалтер, додека понудата е исклучително голема и евтина.

 

 

Ananas

 

Ananas е најразновидниот онлајн шопинг мол на Балканот, кој од неодамна е активен и во Македонија. Оваа платформа овозможува шопинг искуство од светски калибар на купувачите од регионот.

 

Платформата им нуди одлични услови на продавачите кои можат преку Ananas да ги пласираат своите производи до голем број потрошувачи. Од многумина именуван како Amazon на Балканот, на Ananas ќе најдете разновиден акумулаторски алат, производи за дом и градина, бела техника, облека, парфеми, играчки за бебиња и, буквално, сè што ќе ви падне на памет.

 

Оваа компанија вложува во квалитетно корисничко искуство на своите клиенти и е позната по својата експресно брза достава. Производите од популарниот Ananas direkt неретко пристигнуваат на нарачаната адреса во рок од неколку часа, што е неспоредливо со која било друга онлајн шопинг платформа.

 

Целта на Ananas е да стане регионален гигант во трговијата и најдобра онлајн шопинг платформа на Балканот, која нуди огромна палета производи, безбедно плаќање и брза испорака за своите клиенти.

 

 

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија