X
 01.05.2020 Образование

Илјадници курсеви на „Курсера“ сега се бесплатни за невработените

Компанијата за онлајн-учење „Курсера“ претстави нова иницијатива која треба да им помогне да луѓето што ја изгубиле работата поради пандемијата на коронавирусот.

Повеќе влади може да се пријават за учество во иницијативата до 30 септември, а со тоа ќе им овозможат на невработените да научат нови вештини бесплатно. Иницијативата покрива 3.800 курсеви, како и професионални сертификати.


Фото: Pixabay

„Курсера“ нуди онлајн-курсеви од универзитети и други високообразовни институции низ светот. Курсевите ги водат професори и други експерти. Платформата нуди бесплатни и платени курсеви. Оние корисници што сакаат да добијат официјален сертификат за завршениот курс, најчесто треба да платат за него.

Новата иницијатива на компанијата предвидува давање пристап до бесплатни курсеви и сертификати на невработените лица. На листата со курсеви што се нудат има курсеви за странски јазици, работа со податоци и слично.

Автор: Британи А. Ростон
Извор: slashgear.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование