X
 30.01.2017 Живот

Експерти: Најдобар лек за вашето дете е живот!

Доктор Лоренс Роузен веќе 20 години работи како педијатар. Она што му го донеле двете децении искуство и многубројните деца кои ги гледал како растат, е промена на перспективата.

Пристапот за кој е едуциран се сведува на стандардни мерки и брзи решение во облик на препишување лекови. Меѓутоа, тој смета дека таквиот систем веќе не носи резултати. Според него, најдобриот, најбезбеден и најевтин начин за децата да останат здрави се промените во животните навики. Тој составил листа од седум рецепти за поздрав живот на децата.

1.    Храна – Да се јаде природна органска храна, а не онаа од конзерви. Се препорачува и самите да одгледувате зеленчук и овошје колку што можете, а купувајте храна која не е прскана.

2.    Активност – Децата нека го раздвижуваат телото. Нека почнат со било каква активност, на телото му е потребно да се движи и да се испоти.

3.    Одмор – Спиењето нека биде на прво место. Родителите потребно е да обезбедат прилики за одмор на децата. Изградете им здрави навики за спиење, нека имаат место каде што ќе се релаксираат и каде што ќе можат да ги наполнат батериите.

4.    Природа – Излезете надвор. Одете на прошетки со децата. Постојано посетувајте паркови и искусете ја природата.

5.    Присутност – Бидете со децата сега. Обрнете внимание на случувањата. Сфатете дека сегашноста е најважното време. Прифатете го фактот дека стресот е неизбежен и научете ги децата како да се изборат со него. Одвојувајте време за нив и дајте им до знаење дека ги слушате.

6.    Креативност – Направете нешто со сопствените раце. Пејте песни, играјте како никој да не ве гледа. Размислувајте надвор од кутијата, измислувајте приказни и раскажувајте му ги на вашето дете, бидете креативни и разиграни и пренесете го тоа и на децата.

7.    Поврзаност – Сите сме поврзани и меѓусебните односи не прават силни и здрави. Бидете доволно храбри да бидете ранливи и дозволете им на другите навистина да ве запознаат. Пробајте на светот да гледате со поинакви очи.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот