Кинески милијардер ги испрати своите 6.400 работници на четири дневен одмор во Франција, поставувајќи нов светски рекорд.
Ли Џинуан, кој е еден од најбогатите луѓе во Кина, и сопственик на компанијата „Tiens Group“, издвоил 33 милиони евра за да им овозможи одмор на неговите вработени. Тој резервирал 4760 соби во 79 хотели со четири и пет ѕвезди во Кан и Монако, и околу 146 автобуси.
После разгледување на градовите, вработените на една од најголемите кинески групи кои некогаш ја посетиле Европа, на „Promenade des Anglais“ ја напишаа фразата „Tiens’ dream is Nice in the Cote d’Azur“.
Инспекторите од Гинисовата книга на рекорди потврдија дека посетителите од Кина ја создадоја најдолгата фраза направена од луѓе видлива од небото.