Небесното тело „16 Сајк“ (
16 Psyche), е најмистериозниот објект во Сончевиот систем кој, во економска смисла, би можел целосно да го уништи досегашниот живот на Земјата.
Ако луѓето успеат некако да го приземјат овој астероид, само железото од него би вределo 10.000 квадрилиони долари, што би било доволно да ги сруши сите цени и целосно да ја уништи светската економија.
Вселенската агенција во 2022 година ќе лансира сателит кон овој астероид, кој на целта треба да стигне во 2026 година.
Астероидот „16 Сајк“ се наоѓа во големиот астероиден појас помеѓу Марс и Јупитер.
Станува збор за небесно тело со пречник од 200 километри, составен од парчиња метал, најмногу железо, потоа никел и голем број благородни метали, вклучувајќи злато, платина и бакар.
Овој е единствениот ваков астероид во Сончевиот систем, наведуваат научните портали.
Научната цел на мисиите испратени на „16 Сајк“ е разбирање на форирањето на планетите – научниците ќе се обидат да одредат дали ова небесно тело е јадро на рана планета, колку е старо и каква му е површината.