Американската вселенска агенција НАСА ќе лансира сателит кој ќе може да биде користен од јавноста.
Мисијата наречена „Лајт кјуб“ предвидува испраќање на мал сателит во долниот дел од орбитата кој ќе може да биде делумно контролиран од јавноста. Сателитот ќе пушта блиц-светлина за оние што ќе го побараат тоа преку апликација.
Сателитот ќе биде испратен во вселената некаде помеѓу 2022 и 2025 г.
Јавноста ќе може да го следи движењето на сателитот со помош на апликација и да побара од сателитот да ја покаже точната локација на небото со блиц-светлина.
Фото: Pixabay
Ова звучи возбудливо, но дефинитивно ќе го зголеми светлосното загадување на небото, кое и сега е полно со сателити. На астрономите им е потребно небото да биде темно за да ја истражуваат длабоката вселена.
Меѓутоа, според НАСА, станува збор за образовен проект кој ќе има цел да ги инспирира сите да научат повеќе за телекомуникациите, дизајнот на сателитите, атмосферата и климата.
Извор:
interestingengineering.com