Фотографијата на природата и дивиот свет има моќ да ги промени животите на подобро, не само со тоа што чудото на природата им е достапно на многумина, туку и со подобрување на свеста за проблеми како што е заштитата и зачувувањето на дивиот свет.
Токму ова е целта на фотонатпреварот „Вајлд арт“. Натпреварот има четири категории: влажно, светло, силуети и очи и е одлична платформа за фотографите да добијат признание за нивната работа.
Во продолжение погледнете ги најдобрите од оваа година.