X
 30.07.2018 Култура

Животот покрај џиновскиот леден брег

Инарсуит има 169 жители, сместен е на истоимениот остров во близина на западниот брег на Гренланд. Постои опасност овој остров нагло да биде потопен од морето. Причината е огромниот леден брег, вистинска ледена планина што плови низ морето и се заканува да се распадне врз непосредното соседство и да уништи сѐ пред себе. Ледениот брег е широк 200 метри, над нивото на морето е до 90 метри, и не се знае колку длабоко оди под морската површина.

Данскиот метеоролошки институт пресметува врз основа на сателитските мерења дека овој леден брег може да тежи до 11 милиони тони. Дури и да се отцепи големо парче, а да не е од врвот, и да потоне, и тогаш може да се смета дека ќе предизвика воден бран поголем од 1, 2 или кој знае колку метри.

1
Фото: Pixsell


Експертите предупредуваат дека постои опасност за распаѓање на парче од ледениот брег и дека неговото топење се развива драматично.

-Не е мирен процес - вели Јоерг Шефер, климатолог од Универзитетот Колумбија.

33 жители што живееле на брегот веќе се преселени во внатрешноста на островот, а сите добиле предупредување своите бротчиња да ги однесат на сигурно.

-Ако ги изгубат своите бродови, не ќе можат да одат ниту на лов ниту на риболов - вели Гидеон Кист, полициски инспектор во Нук, главниот град на Гренланд.

Ледениот покрив на Гренланд е дебел три километри. Доколку се стопи целиот мраз на Гренланд, би предизвикало растење на нивото на морињата од 7.42 метри, а огромниот остров би бил доста различен.

Гренланд е место каде што мразот најбрзо се топи во Арктичкиот круг. Од 2012 година наваму, некои делови на Гренланд изгубиле повеќе од четири метри во дебелина. Во 2010 година камерите забележале момент кога во Гренланд одеднаш се урнал леден брег со ширина од 4 километри.

2
Фото: Pixsell


Парискиот климатски договор предвидува такво намалување на употребата на нафтата, јагленот и гасот што затоплувањето, поради климатските промени, ќе застане на не повеќе од 2 степени Целзиусови. за планетата да не остане трајно климатски упропастена и идните генерации на човештвото да можат да преземат нешто.

Дури и 2 степени Целзиусови би значело уништување на голем дел на Јадранот, претворање во полупустина, суши, недостаок на вода, пропаѓање и на природата и на земјоделството и на економијата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура