X
 30.09.2021 Живот

„Фејсбук“, „Нетфликс“ и „Мајкрософт“ меѓу најомразените брендови во светот

Компанијата „Рејв ревју“, користејќи ја алатката за истражување „Сентистренгт“, успеала да оцени над милион твитови поврзани со брендови за позитивна и негативна содржина. Сите брендови што имале помалку од десет лоши твитови не биле вклучени во истражувањето.

Резултатите се поделени во категории. Во категоријата наречена голема технологија, „Мајкрософт“ е убедливо број еден компанија која не ја сака целиот свет, и е омразена во 22 земји, вклучувајќи ги и САД. За споредба, „Фејсбук“ и „Гугл“ не ги сакаат 24 земји.

Вреди да се напомене дека „Фејсбук“ има највисока стапка на омраза во категоријата голема технологија во одредена земја - 85 отсто во Хонгконг. Ирска и Пакистан, пак, не се големи обожаватели на „Епл“, со стапки на омраза од 73 и 64 отсто, соодветно. Исто така, се чини дека Зимбабве не ја сака компанијата „Пепси“ поради некоја непозната причина.

1
Кликнете на фотографијата за да ја зголемите резолуцијата

Во истражувањето не е опфатена Македонија, но од земјите на Балканот, Србите најмногу го мразат брендот „Тесла“, а Грците го мразат брендот „Сони“.

Кога станува збор за САД, најомразени брендови на првите пет места се „Убер“, „Лего“, „Сони“, „Мајкрософт“ и „Нетфликс“.

Во категоријата брендови за игри не е изненадување што доминира „Убисофт“ бидејќи е најомразен бренд во 23 земји.

1
Кликнете на фотографијата за да ја зголемите резолуцијата

Во категоријата бренд за брза храна најомразениот бренд во САД и во Велика Британија е „Доминос“, иако Кеј-еф-си е најмалку омилен бренд за брза храна во повеќето земји во оваа категорија.

2
Кликнете на фотографијата за да ја зголемите резолуцијата

Извор: Techspot.com
Фото: Rave
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот