X
 07.01.2018 Живот

Најдолгиот и најдлабок тунел во светот

tunel

Тунелот „Готард“ се наоѓа под швајцарските Алпи и обезбедува пат за патници и за товарни возови.

Тунелирањето е возбудливо инженерство. Копањето тунел од секаков вид бара широк спектар на инженерски знаења, од градежни до геолошки. Знаеме дека Илон Маск посветува голем дел од своето време и од своите пари за технологија за градење тунел преку неговата компанија за градење тунели, меѓутоа, титулата за најиновативен тунел ѝ припаѓа на Швајцарија.

Швајцарците не само што го дизајнирале и го изградиле најдолгиот тунел во светот, туку тој е и најдлабокиот. Тунелот „Готард“ се протега на 57,5 километри под Алпите. Тој бил завршен во 2016 година, по речиси дваесет години изградба.

Тунелот е исто така и најдлабокиот што некогаш е изграден. Еден дел од него се протега под Пит Ватигра, планина висока речиси 3.000 метри. Тунелот се наоѓа на 2,3 километри под врвот на оваа планина. Се користи исклучиво како железничка пруга што ги поврзува Ерстфелд со Бодио. Железничката линија е дел од проектот „Нова железничка врска низ Алпите“.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот