X
 31.01.2017 Живот

Најголемите баксузи на светот

Дали некогаш сте имале чувство дека сите несреќи и проблеми на светот натежнале на вашите плеќи? Тоа не е ништо необично, секој од нас имал таков ден. Но кога ќе ги прочитате приказните на овие луѓе, сигурно ќе го промените мислењето за својот живот.

Овие луѓе се сметаат за најнесреќните на светот, затоа што многупати се соочиле со најразлични бизарни несреќи. И успеале да ги преживеат, што истовремено ги прави и најсреќни луѓе во историјата.

Рој Саливан доживеал седум удари од гром во својот живот. Се разбира, сите ги преживеал, но шансата тоа да му се случи на еден човек изнесува еден спрема 22 септилиони.

Костис Мицотакис е единственото лице во селото со 70 жители, кој не освоил дел од добивката во износ од 740 милиони евра на лотарија. Шансите едно лице да освои добивка на лотарија е еден спрема 100.000.

Ерик Нори се смета за многу несреќен затоа што доживеал напад од ајкула, удар од гром и бил каснат од отровна змија. Шансите за тоа се еден спрема 11,5 милиони,  еден спрема 3.000 и еден спрема 37.500, на годишно ниво. Се разбира, со оглед дека преживеал, би можело да се заклучи и дека имал многу среќа.

Вајолет Џесон
била стјуардеса и медицинска сестра, а починала во 1971 на 84-годишна возраст. Тоа што е интересно во нејзиниот живот е дека работела на бродот „Олимпик“, што потонал, а после тоа и на бродовите „Титаник“ и „Британик“, кои исто така потонале.

И покрај тоа што неговата приказна не е потврдена, Хенри Зигланд избегнал куршум што само го драснал по лицето и се забил во стеблото од дрвото зад него. Многу години подоцна, Зигланд одлучил да го пресече дрвото со пила. Бидејќи обидот му бил неуспешен и мачен, одлучил да употреби експлозив, што предизвикал излетување на куршумот со голема сила  и усмртување на Зигланд на самото  место.

Иван Лестер Мекгваер
работел како снимател во школо за падобранство. Меѓутоа, тој ден бил многу возбуден и восхитен дека ќе скока и истовремено ќе снима, па не заборавил да ја земе камерата. Проблемот е што заборавил да го стави падобранот на себе. Се рзбира, не го преживеал падот без падобран од 3,2 километри висина.

Франо Селак бил прогласен за најнесреќен човек на светот, откако доживеал седум опасни несреќи во кои загинале многу луѓе. Откако смртта веќе престанала да го следи на секој чекор, освоил седум милиони куни добивка на хрватската лотарија.

Мелани Мартинез изгубила четири куќи во урагански бури, за потоа со 20.000 долари да успее да го  намести својот петти дом, што исто така настрадал од природно невреме.

Како што пишува „Daily Mail“, во списокот на најнесреќните не влегуваат само лица кои лично доживеале несреќи. На пример, Роберт Тод Линколн, синот на американскиот пртседател, бил присутен кога бил убиен неговиот татко. Потоа го поканиле на свеченоста каде бил убиен претседателот на САД, Гарфилд. После тоа, се појавил на саемот каде бил убиен претседателот Мекинли. Наводно, после тоа, веќе не ги прифаќал претседателските покани.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот