X
 05.01.2017 Живот

2016 била најсигурна година во воздушниот сообраќај


Минатата година била една од најсигурните во цивилниот воздушен сообраќај, објавил германскиот центар за процена на податоци од авионските несреќи (JACDEC) и холандската мрежа за воздушна сигурност (ASN).  

Мал патнички авион во лет

Според податоците на JACDEC, во авионски несреќи во 2016 година загинале 321 патник и членови на екипажот, а според ASN, што користи поинакви методи, имало 325 жртви.     

Двете најголеми несреќи се случиле на крајот на годината, во ноември во Колумбија кога се срушил авион со бразилски фудбалери и во декември кога паднал авионот со членовите на хорот на црвената армија.

Околу 350 милиони летови, патнички, товарни, истражувачки, пожарникарски, биле забележани минатата година, а имало само 19 фатални несреќи, според ASN.

Во 2015 овие две агенции забележале повеќе од 500 жртви во воздушниот сообраќај.  
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот