Сите функционери на државно и на локално ниво ќе земат минимална нето-плата од 14.500 денари за април и мај 2020 година, одлучи Владата на денешната седница како една од економските мерки во кризната состојба предизвикана од коронавирусот.
- Претседателите на државата и на Собранието, премиерот и сите министри, заменици-министри, државни секретари, директори на државни институции, пратеници, градоначалници, и сите останати избрани и именувани лица. Ова не важи за именуваните лица во јавните здравствени установи – соопшти Владата.
Во овој пакет влегуваат серија мерки кои меѓу другото предвидуваат:
- Финансиска поддршка за приватните фирми за исплата на плати на работниците за април и мај, и субвенции до 50% за придонесите. Сите фирми што ќе добијат поддршка имаат обврска да го задржат истиот број на вработени до септември годинава. Услов од Владата се овие фирми да не исплаќаат дивиденди. Од враќање на помошта ќе бидат ослободени фирмите што годинава ќе прикажат загуба.
- Спортистите и уметниците во следните два месеца ќе добиваат минимална плата од 14.500 денари.
- Граѓаните што останале без работа ќе добиваат плата од државата во висина од 50% од нивната просечна плата во следните 6 месеци.
- Сите избрани функционери ќе примаат минимална плата во април и мај. Мерката не ги опфаќа вработените во здравството.
- До крајот на јуни се запира закон за извршување.
- Се одложува отплатата на кредити кај банките за правни и за физички лица, за период од 3 до 6 месеци.
- Бескаматни кредити за микро, мали и средни претпријатија, на три години со грејс-период од 12 месеци.