Денес има лулашки за луѓе во инвалидски колички, вид слики во кои може да уживаат и слепите и други брилијантни изуми што го прават светот подобро место.
Во галеријата „Уфици“ во Фиренца има слики за слепи за тие да може да уживаат во уметноста.
Докторот Тед Румел, кој е парализиран во долниот дел од телото, сè уште може да прави хируршки операции благодарение на неговата инвалидска количка што му овозможува да стои.
Овој парк има лулашка за деца во инвалидска количка.
Овој дом за пензионери има лажна автобуска станица која ги спречува оние со деменција да се изгубат.
Националните паркови и одделението за туристички развој во Тенеси, САД, поставиле двогледи за далтонисти на пет локации низ државата.
Во Сингапур постарите лица и лицата со физички попречености имаат картичка со која може да поминуваат пешачки премин подолго време од предвиденото.
Во Кизкалеси, Турција, на плажата има пристапна рампа за инвалидски колички со кои лицата со инвалидитет може да стигнат до морето.
Оваа маса за пикник има простор за возрасни, детска маса и маса до која може да се стигне со инвалидска количка.
Вака изгледа Рубикова коцка за слепи.
Ова е стол што им овозможува на лицата со инвалидитет да влезат во морето. Тој е бесплатен и се наоѓа во Санта Круз, Португалија.
Овој парк има влезови приспособени за деца во инвалидски колички.
Количка за луѓе во инвалидска количка - „Лидл“, Германија.
Овој парк има патека за слабовидни.
Овој парк има вртелешка која е пристапна за луѓе во инвалидска количка.
Собите на овој хотел имаат посебни шпионки на вратите за лицата со инвалидитет.
Извор:
lolamagazin.com