Жените често не ги добиваат заслугите што им припаѓаат. Ова особено важи за науката, каде што некои жени дале незамислив придонес. Ова се некои од изумите што не би постоеле доколку не постоеле овие жени-научници.
Пиво
Да, добро прочитавте. Долгиот процес на правење пиво го усовршиле токму жените. Се претпоставува дека пивото било „измислено“ случајно, во обид да се направи леб, пред повеќе од 10.000. Но, производството на пиво со намера да се направи баш овој пијалак почнало пред приближно 9.000 години.
Како што велат историчарите, со правењето пиво веројатно на почеток не се занимавале мажите. Дури во средновековното и модерното христијанство пивото почнале да го прават главно монасите, кои со месеци живееле пиејќи го овој пијалак.
Фото: Getty Images
Електричен бојлер
Следниот пат кога ќе одите под топлиот туш сетете се на жените што ви го овозможиле тоа. Технологијата што го овозможила ова била направена во 1917 година кога Ида Форбс и официјално го потврдила патентот за првиот електричен грејач за вода.
И денес ѝ се заблагодаруваат во многу реклами, а некои производи дури имаат и слика од оригиналниот дизајн на Ида.
Безжичниот интернет
Актерката Хеди Ламар соработувала со научниците во текот на Втората светска војна што работеле на тоа како да го намалат проблемот со сигналот во телекомуникациите. Нивните откритија станале основа за многу технологии, вклучувајќи го и безжичниот интернет.
Технологијата на Хеди Ламар, која се однесувала на менување фреквенции, бесплатно била користена во борбата против нацистите. Но, во текот на годините станала база за понатамошен развој на мобилната телефонија и други работи.
Иако Ламар никогаш не добила пари за својот изум, а го имала патентот, нејзиниот труд веројатно спасил многу животи во текот на војната. Добила награда по 50 години.
Бришачи за автомобили
На 10 ноември 1903 година Мери Андерсон поднела патент за уред што го чистел надворешниот дел од стаклото на автомобилите.
До идејата дошла зимата 1902 година кога сфатила дека возачите мора да ја извадат главата низ прозорецот од автомобилот на снежно време за да го исчистат. Поради тоа, не можеле безбедно да возат.
Една канадска фирма го одбила нејзиниот предлог и таа не добила ни цент за оваа идеја. Патентот ѝ истекол во 1920 година, но кога автомобилската индустрија зела замав во САД, бришачите станаа неизоставен дел од секој автомобил.
Електричен фрижидер
Освен некои официјални документи, малку се знае за Флоренс Парпарт. Сепак, едно е сигурно. Таа го измислила првиот фрижидер.
Токму Парпарт го смислила начинот на кој ефикасно се воспоставува струјното коло за фрижидерот да лади.
Ова се само некои од работите што ги измислиле жени или чиј зачеток го иницирале. Како што гледаме, голема е веројатноста за работите што ги користиме секој ден да треба да ѝ се заблагодариме токму на некоја дама. Иако тоа не им е секогаш признато, треба да се знае дека и тие дале голем научен придонес во светот во кој
живееме.