X
 31.12.2018 Живот

Дедо Мраз како макроскопски квантен феномен

Каде се наоѓа Дедо Мраз? Тоа е пресудно прашање. Од гледиштето на квантната механика, не е невозможно само еден Дедо Мраз да се појави на сите места одеднаш. За почеток, доволно е да видиме дали е можно да биде на две места одеднаш.

За да се разбере за што станува збор тука, не е лошо да се погледне славниот експеримент од областа на физиката со електрон и два отвора. Обидувајќи се да дознаат по кој пат оди електронот пред да удри во некаква пречка, физичарите го создале експериментот така што тој би можел пред тоа да мине низ отворот 1 или отворот 2. Меѓутоа, сосема сериозните, илјада пати проверени мерења во разни лаборатории покажуваат дека еден електрон може истовремено да мине низ два отвора и притоа сам да направи таканаречена интерференција кај пречката.

Според таканаречената копенхагенска интерпретација на квантната механика, електронот како квантен објект не мора да биде само во една или друга состојба, туку и во збир од две состојби. Оваа особина, која е многу непозната за човечката интуиција, опишува сосема нова математика која физичарите ја развиле во текот на 20 век, а неа ја покажуваат сите квантни честички, кои инаку се доволно мали да припаѓаат во микроскопскиот свет.

Но, постојат и големи макроскопски квантни феномени. Што ако Дедо Мраз е еден од нив?
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот