ESTIEM LG Skopje
ESTIEM (European Students of Industrial Engineering and Management) е европско здружение на студентите по Индустриско инженерство и менаџмент. Главна цел на организацијата е да ја зголеми комуникацијата и соработката помеѓу студентите од оваа студиска програма ширум Eвропа.
Формирана во 1990 година, денес ESTIEM брои 72 локални групи од 28 европски земји и над 50.000 студенти. Сите овие локални групи всушност претставуваат 72 универзитети од Европа, каде е застапена оваа студиска програма соодветно. Мултинационалните планерски тимови организираат широк спектар на активности во текот на целата година низ Европа како што се размени, конференции, натпревари (case study), предавања и работилници.
"ESTIEM is an exciting network of open minded students with
a professional approach"
www.estiem.org
Поважни проекти на ESTIEM • Генерално собрание, кое се одржува два пати годишно и на него се донесуваат најважните одлуки поврзани со ESTIEM. Собранието ги соединува сите активни членови на една недела. Собранието брои од 160 до 220 членови кои ги претставуваат своите локални групи, заедно со бордот, лидерите на проектите и лидерите на работните групи. • T.I.M.E.S (Tournament in Management and Engineering Skills) е натпревар во студија на случај. Овој натпревар е главниот настан пред пролетното генерално собрание и се одржува еднаш годишно. Целта е да се изнајдат најдобрите студенти по Индустриско инженерство и менаџмент во Европа. Натпреварот започнува со локалните квалификации, за кои право на организација има секоја локална група. Победничкиот тим од секој локален натпревар заминува во едно од шесте полуфиналиња. Победниците од секое полуфинале продолжуваат во финалето. Темите на натпреварот се поврзани со инженерството и менаџментот и скоро секогаш се фокусирани на реални проблеми со кои се соочуваат компаниите, кои се најголеми поддржувачи на ESTIEM. На тој начин компаниите може да ги пронајдат и вработат најдобрите студенти по Индустриско инженерство и менаџмент. • VISION семинари кои се одржуваат во неколку локални групи во текот на годината. Главна тема е менаџментот, фокусиран на теми кои се од големо значење за иднината. Првиот семинар е одржан во 1993 година на тема: Total Quality Management. • Europe 3D претставува серија од нaстани организирани 4 до 5 пати годишно во различни држави во Европа. На настаните учествуваат околу 30 учесници, од кои половина се членови на ESTIEM, додека другата половина се активни студенти од било кој дел на Европа. Целта на Europe 3D е истражување на земјата која го организира настанот во три димензии: култура, економија и политика. Низ лекции, работилници, посети на компании, дебати и екскурзии, на учесниците им се зголемува познавањето на државата во која се одвива настанот, како и предизвикот да живеат и работат во интернационална средина. Локалната Група Скопје е дел од големото семејство на ESTIEM од 2003 година. Иако како релативно млада локална група сеуште го трасираме патот кон остварување на целите, во нашата историја имаме запишано повеќе значајни настани, кои се важни за оформувањето на она што сме денес. Кога станува збор за ESTIEM ЛГ Скопје, се мисли на група од 70-тина студенти од факултетите за Технички науки, со посебен акцент на студентите од катедрата за Индустриско Инженерство и Менаџмент, со голем ентузијазам, амбиции и желба да излезат надвор од страниците на книгите и да применат дел од своите вештини низ работата во ESTIEM. Благодарение на креативноста и упорноста, како и несебичната поддршка од Машинскиот Факултет под чии закрила е локалната група Скопје, успеавме да ја издигнеме нашата организација до едно задоволително ниво, со желба да бидеме уште поуспешни и попрепознатливи. Со нашата досегашна работа оставивме силен впечаток кај нашите професори како и компаниите со кои досега сме соработувале. На интернационално ниво, ЛГ Скопје е важна алка во ESTIEM синџирот, препознаена како група која брзо напредува и се развива. И покрај постојаната смена на генерации, како организација сеуште имаме потреба да се активираме организирајќи различни настани, учествувајќи на настани организирани од други локални групи, каде стекнуваме познанства со ИИМ колеги од речиси цела Европа и се здобиваме со неформално образование поврзано со нашата професија.
Во периодот кој претстои, членовите на ЕСТИЕМ ЛГ Скопје работат на подготовка на три настани : - Brain Trainer CoM ( месец Јули 2013 ) - Europe 3D Macedonia ( месец Октомври 2013 ) - Local Group Exchange with Eindhoven ( месец Декември 2013 ) За повеќе информации поврзани со ЕСТИЕМ ЛГ Скопје: Facebook : https://www.facebook.com/pages/ESTIEM-LG-Skopje/115627348453059 Twitter : @ESTIEMLGSkopje Web : www.estiem.org.mk Или пак директно на : president.skopje@estiem.org; lr.skopje@estiem.org;