Независното студентско движење -
Слободен Индекс е неформално, партиски и финансиски независно студентско движење чиишто главни цели се:
- УКИНУВАЊЕ НА ПАРТИЦИПАЦИЈАТА ВО ДРЖАВНАТА КВОТА, како прв чекор кон БЕСПЛАТНО ЈАВНО ОБРАЗОВАНИЕ, односно целосно субвенционирано од државниот буџет, бидејќи сите плаќаме даноци од кои се полни буџетот, а тој по правило служи за финансирање на општите, јавни добра, а јавното високо образование е едно такво општо добро.
- НОВ СИСТЕМ НА СТУДЕНТСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ, по пат на ПЛЕНУМ кој се базира на т.н. „директна демократија“, во кој секој студент ќе може да учествува во носењето одлуки и ковањето на сопствената студентска судбина, наспроти сегашниот СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ со сомнителна легитимност, кој се богати на грбот на студентите, незаинтересиран да ги брани нивните права.
- ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА СТУДИРАЊЕ: слободен простор за организирање разни студентски активности (трибини, презентации, настани); изградба на нови и реновирање на старите студентски домови како и подигнување на хигиенски стандарди во истите; намалување на бирократијата на Универзитетите; стоп на корупцијата и непотизмот кај наставниот кадар…