Општи информации
Департманот за Економија претставува континуитет во развојот на студиите на Економскиот факултет во Скопје, која за првпат се јави во 1959 година под називот општа економија. Подоцна, насоката го менуваше два пати својот назив и се именуваше макроекономија, односно економска политика и развој. Во сегашниот наставен план на Факултетот (донесен во 1998 година) оваа насока прерасна во департман кој беше именуван со називот економија.
Студентите што ќе ги завршат студиите на Департманот Економија ќе бидат способни да вршат (самостојно и во тимска работа) економска анализа и да учествуваат во решавањето на разни економски проблеми каде што ќе може и пошироко да се ангажираат, во разни сфери од општествениот труд, а пред сe следниве:
- државни и други институции и државна администрација (парламент, влада, министерства, локална самоуправа, стопанска комора, управа на приходи, агенција за регионален развој, други агенции, разни заводи и др.);
- банки и штедилници (народна банка, деловни банки, штедилници и др.);
- дипломатско-конзуларни претставништва на државата во странство;
- берзи-стоковни и берзи на хартии од вредност;
- меѓународни организации (нивни претставништва во нашата земја или во други земји);
- научни институции (факултети, економски институти, средни економски и трговски училишта и др.);
- јавни претпријатија од областа на стопанството и нестопанството (електро¬стопанство, пошта, железница, образование, здравство и др.);
- разни приватни и мешовити претпријатија (формирање сопствени или вработување во други претпријатија), итн.
Потребите од економски кадри од профилот што се формира со студирање економија, денес се во пораст во Република Македонија. Тие се предизвикани од конституирањето на државата како самостојна, демократска и социјална држава, а посебно со стратешката определба за изградба на нов пазарен економски систем со кој ќе се воспостави комуникација со системите на развиените земји.
Особено во актуелниот момент се чуствува голема потреба за создавање државна деловна администрација која ќе биде примерена на администрацијата во земјите со демократско општество и пазарно уредување, и која ќе може да се стави во функција на економскиот и општествениот развој.
Цели
По завршувањето на наставата студентот треба да биде способен:
- да ги дијагностицира реалните пазарни случувања, да ги предвиди тенденциите на тие случувања како и да ги анализра ефектите на превземените мерки на економската политика врз пазарните движења.
- да ги пресмета основните макроекономски агрегати и критички да ги анализара постојните макроекономски политики.
- да направи критичка анализа на компатибилноста на елементите на економскиот систем.
- да биде во состојба да ги примени квантитативните модели на макроекономската анализа во формулирањето на нови модели и во анализата на постојните модели на економски развој што се применуваат во националните стопанства.
- да даде критички осврт на развојните политики и нивната примена во националното стопанство.
- да биде во состојба да ги анализира општите процеси на економскиот развој во светот и посебно процесите на транзиција, регионализација и глобализација на светските економски текови.
Квалификација која се стекнува:
Дипломиран економист на Департман Економија
Понатамошни студии:
Последипломски и докторски студии