Маркетинг

Општи информации

Маркетингот овозможува, врз база на знаење и соодветни информации, современо и успешно работење, како на производните така и на трговските организации и пласман на производите со обезбедување долгорочни пазари. Маркетинг стратегијата овозможува таква организација на сите маркетинг активности во претпријатието со што се обезбедува успешно лансирање на новите производи на пазарот, успешно задржување и експанзија на пазарот со веќе постојните производи и пронаоѓање нови пазари, како и создавање потреби кај потрошувачите за нови производи, кои им се непознати.

Современиот пласман на производите кој обезбедува сигурност во работењето на организациите е невозможен во услови на пазарно стопанисување без маркетинг.

Маркетингот овозможува најсоодветно задоволување на потребите на потрошувачите, бидејќи го опфаќа производот од фазата на неговото производство и дистрибуција и овозможува да се создаде производ каков што бара потрошувачот, но едновремено делува и врз потрошувачот и му создава потреби од нови производи.
Студентите кои ќе се запишат и ќе дипломираат на Департманот за маркетинг имаат широки можности за вработување во маркетинг службите во претпријатијата и пошироко. Исто така, тие имаат можности да основаат и свои претпријатија од областа на производството, прометот и услугите.

Цели

По дипломирањето на Департмантот по Маркетинг, студентите треба да се способни да:

  • Ја применат маркетинг концепцијата во работењето и да донесуваат правилни маркетиншки одлуки кои базираат на познавањето на принципите на маркетингот.
  • Да ги идентификуваат и успешно да ги комбинираат инструментите на маркетингот.
  • Да ги идентификуваат различните аспекти и фактори кои влијаат врз однесувањето на потрошувачите и процесот на донесување на одлука за купување.
  • Да ги спроведат чекорите на постапката за маркетинг истражување.
  • Да ги имплементираат маркетинг стратегиите во практика и да вршат анализа на ефикасноста од примената на истите.

Квалификација која се стекнува:
Дипломиран економист на Департман Маркетинг
Понатамошни студии:
Последипломски и докторски студии