Машински факултет

Едуцирање на високостручен кадар од областа на машинството во сите степени на образование, конкурентен и оспособен за самостојна работа со широка основа за понатамошна континуирана надградба со професијата.

Во наставно-образовниот процес, Факултетот нуди две програми за додипломски студии, и тоа: четири годишни студии (Академски) со чие завршување студентите се здобиваат со звањето Дипломиран инженер по машинство и три годишни студии (Професионални) по која студентите се здобиваат со некое од звањата: Дипломиран инженер по производна информатика, Дипломиран инженер по индустриски дизајн, Дипломиран инженер по применето термичко инженерство, Дипломиран инженер по хидраулика и информатика, Дипломиран инженер по заварување и дизајн на конструкции. Воедно, звањата се и насоките по кои се изведува наставата кај овие студии, додека кај четири годишни (Академски) студии наставата се изведува во следните насоки: производно инженерство; транспорт, механизација и логистика; термичко инженерство; автоматика и флуидно инженерство; материјали, заварување и конструктивно инженерство; индустриско инженерство и менаџмент; моторни возила; енергетика и екологија и мехатроника.

Визија на МФС

Нашата визија е постојано да бидеме во чекор со времето во сите сегменти и области кај што делуваме!


Дескриптори на квалификации за студиските програми:

 Производно инженерство
 Транспорт, механизација и логистика
 Термичко инженерство
 Автоматика и флуидно инженерство
 Материјали, заварување и конструктивно инженерство
 Индустриско инженерство и менаџмент
 Моторни возила
 Енергетика и екологија
 Мехатроника
 Производна информатика
 Индустриски дизајн
 Применето термичко инженерство
 Хидраулика и автоматика
 Заварување и дизајн на конструкции