Мехатроника (8 семестри)

Академски (4 годишни) студии

Студиска програма (насока): 

Предлагач

ИНСТИТУТ ЗА МЕХАНИКА, ОДДЕЛ ЗА МАТЕМАТИКА И ИНФОРМАТИКА

 

Студиската програма

МЕХАТРОНИКА(МХТ)

/Field of sтudy

MECHATRONICS

 

Вид на програмата

Додипломска универзитетска програма

 

Образовен степен

Дипломиран универзитетски инженер по машинство

(диплома) / Diploma

Bachelor of Science in Mechanical Engineering 4 (B. Sc. 4.)

 

Идентификација на потребите и можностите за вработување

- индустрија, мали и средни претпријатија за проектирање, изведба и   одржување на мехатронички системи,
- фирми кои произведуваат пневмо-хидраулични процесори (Хепос –   Скопје),
- контрола и одржување на работата на регулирани производни   системи (Алкалоид, Охис, Скопска пивара и др.),
- мали и средни претпријатија кои развиваат софтвер за инженерски   апликации,
- работа во технички опремени и автоматизирани автосервиси и   машински работилници,
- ангажман во техничките струки во средните училишта, каде што   веќе се активирани насоки Мехатроника.

 

Основни компетенции на профилот:

- познавање на софтверски управувани механички системи,
- проектирање, производство и одржување на мехатронички системи,
- креирање на софтвер за инженерски апликации.