ПочетнаSkip Navigation LinksСтудии Државни универзитети Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје Машински факултет Материјали, заварување и конструктивно инженерство (8 семестри)

Материјали, заварување и конструктивно инженерство (8 семестри)

Академски (4 годишни) студии

Студиска програма (насока): 

 

 

Предлагач

ИНСТИТУТ ЗА ЗАВАРУВАЊЕ И ЗАВАРЕНИ КОНСТРУКЦИИ


Студиската програма

МАТЕРИЈАЛИ, ЗАВАРУВАЊЕ И КОНСТРУКТИВНО ИНЖЕНЕРСТВО (МЗКИ)

/Field of sтudy

MATERIALS, WELDING AND STRUCTURAL ENGINEERING


Вид на програмата

Додипломска универзитетска програма


Образовен степен

Дипломиран универзитетски инженер по машинство

(диплома) / Diploma

Bachelor of Science in Mechanical Engineering 4 (B. Sc. 4.)


Идентификација на потребите и можностите за вработување

- метална индустрија, мали и средни претпријатија од областа на   заварувањето и на заварените конструкции,
- инженеринг и консалтинг фирми,
- проектирање и развој на технологии за заварување,
- проектирање, изработка и монтажа на метални конструкции,
- проектирање, производство и експлоатација на процесна опрема,
- инспекциски служби, надзор и контрола при производство и   експлоатација на заварени врски и конструкции


Основни компетенции на профилот:

- развојно-истражувачки дејности од областа на материјалите,   заварувањето и конструкциите,
- проектирање, одобрување и ревизија на технологии за заварување,
- проектирање и конструирање на заварени конструкции,
- проектирање и конструирање на носечки конструкции,
- проектирање и конструирање на процесна опрема,
- проектирање и конструирање на тенкоѕидни конструкции,
- експертизи и вештачења во областа на материјалите, заварувањето   и конструкциите,
- инспекција и испитување на материјали, заварени врски и   конструкции,
- менаџирање на мали, средни и големи фирми.