Термичко Инженерство (8 семестри)

Предлагач

ИНСТИТУТ ТЕРМОТЕХНИКА И ТЕРМОЕНЕРГЕТИКА

 

Студиската програма

ТЕРМИЧКО ИНЖЕНЕРСТВО (ТИ)

/Field of sтudy

THERMAL ENGINEERING

 

Вид на програмата

Додипломска универзитетска програма

 

Образовен степен

Дипломиран универзитетски инженер по машинство

(диплома) / Diploma

Bachelor of Science in Mechanical Engineering 4 (B. Sc. 4.)

 

Идентификација на потребите и можностите за вработување

- проектирање, изградба, управување и раководење со   термотехнички и термоенергетски постројки и системи,
- експлоатација и одржување на термички уреди, машини и   постројки,
- техничка контрола, надзор и инспекција при изградбата на   термички постројки и системи,
- менаџмент со термичките постројки и системи,
- заштита на човековата околина.

 

Основни компетенции на профилот:

- познавање на изворите на енергија, начините за трансформација и   нејзино ефикасно користење,
- познавање на функционирањето на термичките, машини и   постројки,
- проектирање и конструирање на термички машини и постројки,
- експлоатација и одржување на термички постројки,
- прописи и испитувања на термичките машини и постројки,
- техничка контрола, надзор и инспекција при изградбата на   термички постројки и системи,
- експертизи и вештачења во областа на термичките машини и   постројки, 
- прописи и мерки за заштита на животната средина.