КОНКУРС ЗА УПИС 2012/2013
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е првиот државен
универзитет во Република Македонија, формиран во 1949 година со три
факултети.
Денес, тој претставува заедница на 22 факултетa, 5 научни
институти и 11 придружни членки од кои 4 се јавни научни институти, а
неговата дејност е уредена со Законот за високото образование и со
Статутот на Универзитетот.
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
развива студиски програми во сите научни области - општествените,
техничките, природно-математичките, медицинските, биотехничките и во
уметностите, а истражувачката работа, освен на факултетите, се одвива и
на научните институти во состав на Универзитетот.
Сликата на
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, конкретно, може да се
претстави низ следниве бројки: во наставно-образовниот процес на сите
факултети се вклучени околу 50.000 студенти од Република Македонија во
сите циклуси на студии, како и повеќе од 700 странски студенти, а над
2.700 наставно-научни и соработнички кадри го изведуваат
наставно-образовниот и научниот процес на факултетите и институтите.
Во
досегашниот развој на Универзитетот се создадени над 126.000
високостручни кадри, над 5.300 магистри и специјалисти и точно 2.923
доктори на науки од сите наставно-научни области.
Во вкупната дејност
на Универзитетот посебен белег имаат спортските, уметничките,
информативните, рекреативните и други активности организирани во разни
друштва, сојузи, клубови и слично.
Мисијата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” е тој да биде
- автономен, научен, високообразовен универзитет, кој обезбедува наставна,
научна и апликативна дејност во техничките, природно-математичките,
биотехничките, уметничките, медицинските и општествените науки;
- универзитет посветен на негувањето и на интернационалната афирмација на
традиционалните обележја и вредности на македонскиот народ (македонскиот
јазик, историјата, литературата и културата) и, истовремено, на
негувањето на културните вредности на другите етнички заедници во РМ;
- универзитет отворен за сите студенти врз основа на еднаквост и
резултати, без разлика на нивното идеолошко, политичко, етничко,
културно и социјално потекло;
- универзитет кој ја усогласува својата
академска понуда со потребите на своето социјално опкружување и е во
постојан динамичен однос со него;
- универзитет кој креира
стимулативна околина за своите вработени, овозможувајќи им развој на
нивните способности, со цел за исполнување на неговата мисија;
- универзитет кој развива доживотно и континуирано образование;
- универзитет определен за постигнување на европските норми и стандарди во сите области на своето дејствување.
Локација на универзитетот
Address | Скопје | | | | | | +389
+389 | | |
Социјална мрежа