Општи информации
Значењето на примената на информациските технологии во економијата, како и во другите области на човечкото живеење и работење, е сe поголемо. Информациските технологии станаа еден од поважните аспекти на кои претпријатијата и воопшто општествата им посветуваат посебно внимание. Во последните 5-6 години од ХХ век е развиено деловното работење преку Интернет како начин на влијание на глобалниот пазар.
Претпријатијата денес ја користат електронската трговија многу агресивно и за различни видови активности, како на пример: рекламирање, продажба, деловни трансакции, е–пошта и слично. Таа е нов бран на трансакциониот бизнис.
Е-трговијата опфаќа различни начини на користење на Интернетот, како на пример:
- Е-таилинг;
- Електронска размена на податоци (Елецтрониц дата интерцханге-ЕДИ);
- Е-пошта и компјутерски факс;
- Купување и продавање;
- Обезбедување сигурност на трансакациони податоци.
Ако се има предвид структурата на претпријатијата во економијата на Македонија, а посебно учеството на малите претпријатија во истата (98%), значењето на Е-бизнисот се зголемува повеќекратно. Малите претпријатија кои применуваат Е-трговија покажуваат предности, како на пример:
- Способност да се конкурираат со другите компании;
- Креирање можности за различни луѓе да започнат со бизнис;
- Погоден и лесен начин на извршување на бизнис трансакциите (нема ограничување во поглед на точното работно време, отворен е 24 часа дневно, 7 дена неделно);
- Поефтин начин да се конкурира со големите компании;
- Повисоки приходи за малите бизниси кои го користат Интернетот и др.
- Развојните планови и императивот секогаш да остане во тренд со најсовремените тендеции во образованието од областа на економијата и бизнисот го водат Економскиот факултет во Скопје кон воведување на нова студиска програма на додипломските студии по Е-бизнис.
Со оглед дека Е-бизнисот во образованието се јавува во последните години, како и фактот дека главно е развиен во земјите со високо ниво на примена на информациските технологии, формирањето на новата студиска програма се изврши со соработка со Fontys University, Ајндховен, Холандија.
Цели
По дипломирањето на Департмантот по е-бизнис студентите треба да се способни да:
- Развијат интернет маркетинг и комуникациски план и да ги идентификуваат и имплементираат е-бизнис аспектите низ тимска работа на проекти
- Да идентификуваат, критички дискутираат, комбинираат и развијат план како соодветни ИКТ и интернет технологии можат да бидат користени од страна на компаниите за да ја подржат имплементацијата на е-бизнис
- Да идентификуваат, мапираат, анализираат и презентираат подобрени процеси и активности на компанијата со цел да ја подготват за имплементација на е-бизнис.
- Разбира и користи комплексни софтверски алатки (Enterprise Resource Planning, Project Management, Content Management) имплементирани во претпријатија и да ги презентира од теоретски и практичен аспект
Квалификација која се стекнува:
Дипломиран економист на Департман Е-бизнис
Понатамошни студии:
Последипломски студии.