Менаџмент

Општи информации

Во конципирањето на студиските програми на департманот менаџмент користени се сознанијата на факултетите за бизнис од развиените западни земји и искуството на Економскиот факултет во Скопје, стекнато низ долгогодишното постоење на Отсекот за деловна економија. Насочувањето на студиите по менаџмент започнува во втора студиска година. Студентите од овој департман стекнуваат основни знаења за менаџментот и најважните менаџмент функции (основи на менаџментот, производен менаџмент, деловно планирање).

Предметните програми застапени во трета и четврта студиска година ги прошируваат и продлабочуваат знаењата од областа на менаџментот и низ повеќе потесно специјализирани предмети, придонесуваат за посебен образовен профил од областа на менаџментот (маркетинг менаџмент, инвестиционен менаџмент, финансиски менаџмент, информациони системи, деловно комуницирање, управувачко сметководство, претприемништво.
Предметните програми на отсекот за менаџмент осигуруваат знаења за успешно извршување на работи во сите деловни функции на претпријатието: прометот, производството, маркетингот, книговодството, финансиите, развојот и истражувањата, и тоа, претежно, оние кои се поврзани со процесите на управување и раководење со нив.

Цели

По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да ги остварат следните цели:

  • Квалитетно да го подобрат управувањето и раководењето со претпријатието.
  • Да ја применуваат и развиваат тимската работа во решавањето на деловните проблеми на претпријатието.
  • Да подготвуваат инвестициони студии и да ја оценат изводливоста на инвестиционите проекти;
  • Да подготвуваат различни видови планови во претпријатието;
  • Да ги осознаат и применуваат различните активности и функции на менаментот на човечки ресурси и да го предвидат однесувањето на луѓето во организацијата;
  • Да развиваат и унапредуваат технички, интерперсонални, стратегиски, аналитички и комуникациски вештини применливи во различни ситуации на водење на бизнисот.

Квалификација која се стекнува:
Дипломиран економист на Департман Менаџмент
Понатамошни студии:
Последипломски и докторски студии