На студиската програма електроенергетски системи (ЕЕС) студентите се стекнуваат со практични
знаења и вештини од областите: пренос, дистрибуција, продажба и употреба на електрична
енергија. Во текот на студирањето тежиштето е на максимална примена на компјутери за
анализи, планирање и управување со ЕЕС, чии елементи се присутни насекаде (електричните централи,
преносната и дистрибутивната мрежа, инсталациите во домаќинствата, индустријата, малото стопанство
и осветлението), со што се нудат неограничени можности.
Дипломираните инженери имаат единствена прилика да бидат дел од електростопанството како една
од најстабилните производни дејности која во текот на повеќе децении вработува голем број инженери.
Во оваа област им се пружаат разни предизвици, шанса за успешна кариера и добро платена работа
во преносни и дистрибутивни компании, во јавниот сектор, како и во консултантски, проектантски и
производни фирми. Ваквите кадри се сè повеќе барани во нашата земја и во светот, каде нашата диплома
важи без никакви ограничувања