Студиската програма припаѓа на научно-истражувачкото подрачје техничко-
технолошки науки, полиња:
Електротехника (202); Eлектроника и автоматика
(204); Индустриско инжeнерство и менаџмент (211); Компјутерска техника и
информатика (212); Регулација и управување со технолошки процеси (218),
област Компјутерско системско инженерство автоматика и роботика.
ВИД НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА
Студиската програма е од прв циклус на студии – академски.
СТЕПЕН НА ОБРАЗОВАНИЕ
Студиската програма е од степен на образование VIA
ЦЕЛ И ОПРАВДАНОСТ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА СТУДИСКАТА
ПРОГРАМА
Развивање на студиска програма Компјутерско-системско инженерство,
автоматика и роботика произлезе од потребата од инженери од ваков профил на
пазарот на трудот во јавниот и приватниот сектор.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ НА ПРЕДЛОГОТ
Потребата од зголемено, ефикасно и квалитетно производство, како и
подобрувањето на работните услови налага примена на високо-интегрирана
автоматизација како кај техничко-технолошките системи исто така и во нетехнички
системи, како што се еко-системите, економските системи, медицината и други. Со оваа
предложена студиска програма се предвидува да се реализираат повеќе цели:
1. Со вклучувањето на новите напредни техники и технологии во образовниот
систем да се подигне нивото на знаење од инженерски, социо-економски и
медицински аспект.
2. Ќе се зголеми кадровскиот потенцијал во областа на системското инженерство,
автоматиката и роботиката во нашата држава.
3. Произведувајќи инженери со ваков профил ќе се допринесе за подобрување на
работната клима на ниво на компанија, а со тоа и на државно ниво, ќе се
зголеми продуктивноста и ќе се отвори пат за нови инвестиции кои ќе користат
нови, напредни технологии и техники.
4. Инженерите со диплома од оваа студиска програма ќе се стекнат со потребно и
доволно знање кое ќе им овозможи надградување, доколку се определат за
втор и трет циклус на образование, како и во понатамошна инженерска
практика.
ПРОЦЕНКА НА ОПРАВДАНОСТА СО ОГЛЕД НА ПОТРЕБИТЕ НА
ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ
Економската и социјална рамка на државата налага осовременување и
континуиран развиток на стопанските и нестопански субјекти и прилагодување кон
актуелните социо-економски трендови на општествениот прогрес. Потребата од
зголемено, квалитетно и конкурентно производство, како и безбедноста на
вработените при работа, како примарни приоритети за постигнување општествен7
прогрес, неминовно бара висок степен на автоматизација, со употреба на високо-
интегрирани, робустни и надежни автоматски управувачки системи. Проценката на
ризик бара употреба на системи за детекција и изолација на грешки. Трошоците
предизвикани од хаварии и повреда на работно место имаат повеќестрано директно и
индиректно влијание врз работењето и остварениот профит на секоја компанија. Затоа
е потребно произведување инженери кои ќе имаат знаење и вештини за проектирање,
одржување и работа со системите за автоматизација.
Факултетот за електротехника и информациски технологии, токму поради
својата препознатливост и лидерство во областите што ги негува е посакуван партнер
во меѓународни научно-истражувачки проекти, а исто така и консултирана страна од
потенцијални странски инвеститори, најчесто производни компании од областа на
автоматиката и електрониката, заинтересирани за отворање нови производни погони
или дислоцирање на нивните производни капацитети во процесот на глобализација. Во
таквите случаи странските компании првенствено се интересираат за компетенциите
на кадарот кој се едуцира на факултетот, односно за оспособеноста на инженерите од
студиската програма Компјутерско-системско инженерство и роботика.
ПОВРЗАНОСТ СО СОВРЕМЕНИТЕ НАУЧНИ СОЗНАНИЈА
Студиската програма Компјутерско-системско инженерство и роботика е
креирана со цел да им овозможи на идните инженери стекнување напредни теориски и
практични знаења во рамки на светските достигнувања во оваа област. Користејќи ги
овие знаења тие ќе бидат оспособени за креативно мислење, самостојна и тимска
работа и да донесуваат одлуки на сите нивоа на одлучување. Наставниот процес на
оваа студиска програма активно ги следи светските и европски текови во високото
образование и потребите на општеството. Предложената студиска програма, со
знаењата и вештините со кои може да се стекне еден инженер, се темели на
современи научни сознанија во области на техничките и нетехничките науки,
автоматизацијата и роботиката, компјутерско-информациските технологии, менаџ-
ментот, биоинженерството и друго.
ДОСЕГАШНИ ИСКУСТВА ВО СПРОВЕДУВАЊЕ НА СЛИЧНИ
ПРОГРАМИ
Во периодот од 2004 година до денес, Факултетот за електротехника и
информациски технологии континуирано работи на развиток на студиски програми по
ЕКТС што резултираше со акредитирани студиски програми за прв, втор и трет циклус
на студии.
Факултетот за електротехника и информациски технологии е најголема
високообразовна институција во областите што ги негува, а квалитетот на образование
кое го нуди е потврден со резултати и достигнувања на инженерите дипломирани на
оваа институција кои успешно се вклопиле во инженерски работи и менаџерски
позиции во земјата и надвор од неа, во високо-развиените земји во светот.
ЦЕЛ И ОПРАВДАНОСТ ЗА ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА
СТУДИСКАТА ПРОГРАМА
Целта на студиската програма е да му овозможи на студентот опсежни, темелни
и практични знаења, кои ќе му обезбедат голема флексибилност во изборот на
занимање и многу широк избор на работни места во сите дисциплини од автоматиката,
која има како инфраструктурно исто така и интердисциплинарно значење.
Користејќи ги овие знаења тие ќе бидат оспособени за креативно мислење,
самостојна и тимска работа и да донесуваат одлуки на сите нивоа на одлучување.
Поради системското значење подрачјето на работа на инженерите образувани
на оваа студиска програма е извонредно широко и можностите за вработување се
големи. Подрачјата на можна работа се пред се енергетика, металургија, процесна
индустрија, преработувачка индустрија, производна индустрија, сообраќај, про-
изводство и обработка на храна, здравство и фармација, екологија и друго.
Со стекнатите компетенции имаат можност за работа и во интердисциплинарни
подрачја, со што извонредно се раширува кругот на можни вработувања. Исто така, не
помалку е важна можноста за работа и во развој, истражување и образование.
Истовремено, целта на оваа студиска програма е, да се образуваат кадри со
професионални компетенции препознатливи во земјата, регионот, во Европската унија
и пошироко во светот.