Академски (4 годишни) студии
Студиска програма (насока):
| Предлагач | ИНСТИТУТ ХИДРОТЕХНИКА, ПНЕВМАТИКА И АВТОМАТИКА | Студиската програма | АВТОМАТИКА И ФЛУИДНО ИНЖЕНЕРСТВО(АФЛ) | /Field of sтudy | AUTOMATICS AND FLUIDS ENGINEERING | Вид на програмата | Додипломска универзитетска програма | Образовен степен | Дипломиран универзитетски инженер по машинство | (диплома) / Diplom | Bachelor of Science in Mechanical Engineering 4 (B. Sc. 4.) | Идентификација на потребите и можностите за вработување | - хидроелектрани, пумпни станици и мелиоративни системи
- пречистителни системи за загаден воздух, за отпадни флуиди од индустријата и за комунални отпадни води
- гасоводни и нафтоводни системи
- индустрија, мали и средни претпријатија од областа на хидротехниката и автоматиката
- експлоатација, одржување, мониторинг и управување со хидраулични системи и постројки
- проектирање, експлоатација и одржување на системи за автоматско управување
- компјутерско управување со машини и процеси
- инспекциски служби од областа на хидротехниката и автоматиката
- трговија со елементи и компоненти за потребите на хидротехничките и автоматизираните постројки | Основни компетенции на профилот: | - познавање на градбата и перформансите на хидрауличните системи, и нивно управување
- проектирање, надзор при монтажа, пуштање во работа, експлоатација и одржување на хидромашински објекти и опрема, гасоводни и нафтоводни системи, системи за хидрауличен и пневматски транспорт, пречистителни системи, мелиоративни системи
- проектирање, надзор при монтажа, пуштање во работа, експлоатација и одржување на системи за автоматско управување
- проектирање, надзор при монтажа, пуштање во работа, експлоатација и одржување на системи за компјутерско управување со машини и процеси
- спроведување на прописи и испитувања, експертизи и вештачења во областа на хидротехничките системи и системите за автоматско управување
- менаџирање на трговски и сервисни организации од областа на хидротехниката и автоматиката. | |