ПочетнаSkip Navigation LinksСтудии Државни универзитети Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје Машински факултет Дисперзирани студии по индустриско инженерство и менаџмент во Велес

Дисперзирани студии по индустриско инженерство и менаџмент во Велес

Дескриптор на квалификации за студиската програма Индустриско инженерство и
менаџмент (ИИМ)


-Знаења и разбирање  планирање, проектирање, имплементација и
менаџмент на интегрирани производни и услужни
системи (од било која големина и дејност), кои ќе
-обезбедуваат добар учинок, надежност, ефикасност,
ефективност, одржливост, исполнителност на
роковите и управување на трошоците
- компетенциите се темелат на големиот број на
соодветни методологии, методи и техники, кои се
проучуваат во предвидените дисциплини во оваа
студиска програма

Примена на знаењетои разбирањето

Може да го примени знаењето и разбирањето на начин што
покажува професионален пристап во работата или
професијата.
Покажува компетенции за идентификација,  анализа и
решавање проблеми во предметните научни области.
Способност за пронаоѓање и поткрепување аргументи во
рамките на полето на студирање.

Способност за проценка

Способност за прибирање,  анализирање,  оценување и
презентирање информации, идеи,  концепти од релевантни
податоци.

Донесување соодветна проценка земајќи ги предвид
личните, општествените, научните и етичките аспекти.
Способност да оценува теоретски и практични прашања, да
дава објаснување за причините и да избере соодветно
решение.

Комуникациски вештини

Способност да комуницира и дискутира, и со стручната и со
нестручната јавност,  за информации,  идеи,  проблеми и
решенија кога критериумите за одлучување и опсегот на
задачата се јасно дефинирани.

Презема поделена одговорност за колективни резултати.
Способност за независно учество,  со професионален
пристап,  во специфични,  научни и интердисциплинарни
дискусии.

Вештини на учење

Презема иницијатива да ги идентификува потребите за
стекнување понатамошно знаење и учење со висок степен
на независност.