Индустриско инженерство и менаџмент (8 семестри)

Академски (4 годишни) студии

Студиска програма (насока): 

 

 

Предлагач

ИНСТИТУТ ПРОИЗВОДНО МАШИНСТВО


Студиската програма

ИНДУСТРИСКО ИНЖЕНЕРСТВО И МЕНАЏМЕНТ (ИИМ)

/Field of sтudy

INDUSTRIAL ENGINEERING AND MANAGEMENT


Вид на програмата

Додипломска универзитетска програма


Образовен степен

Дипломиран универзитетски инженер по машинство

(диплома) / Diploma

Bachelor of Science in Mechanical Engineering 4 (B. Sc. 4.)


Идентификација на потребите и можностите за вработување

Имајќи ги предвид компетенциите на овој профил - планирање, проектирање, имплементација и менаџмент на интегрирани производни и услужни системи, јасно е дека тие можат да бидат вработени во мали, средни и големи, производни и услужни организации независно од видот на дејноста.


Основни компетенции на профилот:

Планирање, проектирање, имплементација и менаџмент на интегрирани производни и услужни системи (од било која големина и дејност), кои ќе обезбедуваат добар учинок, надежност, ефикасност, ефективност, одржливост, исполнителност на роковите и управување на трошоците.
Ваквите компетенции темелат на големиот број на соодветни методологии, методи и техники, кои се проучуваат во предвидените дисциплини во оваа студиска програма.