X
 01.02.2024 Забава

Во 80-тите години австралиска телевизија давала временска прогноза на македонски јазик

Познат факт е дека голем дел од иселениците од Македонија како своја крајна дестинација ја избрале Австралија. Македонците во Австралија се едно од поголемите малцинства, со над 100 илјади припадници. 

Освен што иселениците имаат низа здруженија и активности кои ги спроведуваат, интересно е и тоа што се активни и во презентирањето на временската прогноза во градовите низ Австралија, барем според ова видео од раните 80-ти години кое циркулира на социјалните мрежи. 

Имено, на видеото можете да го забележите Арч Тамбакис, кој е облечен во народна носија и е презентер на временска прогноза во шоуто на Дон Лејн.

Лејн го претставува Тамбакис информирајќи дека дел од шоуто таа вечер е и македонската временска прогноза, која Тамбакис ја презентира на македонски јазик, на народен говор, при што ги информира гледачите за временските услови во повеќе градови низ Австралија. 

 

Извор: Facebook

Фото: Pexels

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава